НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ГО ОТВОРИ БЕСПЛАТНИОТ ТЕЛЕФОН 0800 54321 ЗА ПРИЈАВА НА СПРЕЧУВАЊЕ ДА СЕ ГЛАСА НА РЕФЕРЕНДУМОТ

    НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ГО ОТВОРИ БЕСПЛАТНИОТ ТЕЛЕФОН 0800 54321 ЗА ПРИЈАВА НА СПРЕЧУВАЊЕ ДА СЕ ГЛАСА НА РЕФЕРЕНДУМОТПопречувањето на слободното излегување и изразување на своето мислење на референдумот, може и лично да се пријави во канцелариите на Народниот правобранител во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, секој ден како и на денот на референдумот; Омбудсманот Иџет Мемети (Фото: СДК.МК)

    Народниот правобранител од понеделник, 17 септември, ќе отвори бесплатна телефонска линија 0800 54321, со цел да им помогне на граѓаните во остварувањето и заштитата на гласачкото право на слободно изразување на нивното мислење и став по однос на референдумското прашање, на референдумот за името на 30 септември.

    Граѓаните од земјава и дијаспората на референдумот ќе треба да одговорат на рефендумското прашање, кое ќе гласи „Дали сте за членство во Европската унија и НАТО со прифаќање на Договорот за името меѓу Македонија и Грција“. Со овој Договор, потпишан на 17 јуни во грчкиот дел на Преспа, во селото Псарадес (Нивици), името на земјава ќе биде Република Северна Македонија за севкупна употреба, со признати македонски јазик и македонска националност.

    Народниот правобранител Иџет Мемети  вели дека изјаснувањето на граѓаните и нивниот став по однос на ова референдумско прашање е нивна обврска и активен придонес за иднината на општеството. Тој истовремено потсетува и апелира до сите чинители во општеството, како што вели, да не ги попречуваат граѓаните во остварувањето на нивното загарантирано право на излегување и лично изјаснување. Ги повикува граѓаните секое евентуално влијание да го пријават.

    Попречувањето на слободното излегување и изразување на своето мислење на референдумот, граѓаните можат и лично да го пријават во канцелариите на Народен правобранител во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, секој ден, како и на денот на референдумот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира