„КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ ГО ПРЕЗЕМА ЧИСТЕЊЕТО И СОБИРАЊЕТО ЃУБРЕ ВО САРАЈ И МАТКА

    „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ ГО ПРЕЗЕМА ЧИСТЕЊЕТО И СОБИРАЊЕТО ЃУБРЕ ВО САРАЈ И МАТКАГрад Скопје преку своето јавно претпријатие го презема собирањето на ѓубрето од населените места Љубин, Сарај, Крушопек, Лока, Грчец, Кондово, Шишево, Глумово, Долна Матка, Рашче, Арнакија. (Фото: Град Скопје)

    Од први октомври ЈП „Комунална хигиена“ ќе го собира ѓубрето и ќе ги чисти општина Сарај и Матка. Станува збор за површина од 18.000 метри квадратни во која спаѓаат населените места Љубин, Сарај, Крушопек, Лока, Грчец, Кондово, Шишево, Глумово, Долна Матка, Рашче, Арнакија.

    Град Скопје преку неговото јавно претпријатие го презема и овој дел од градот кој досега го чистеше општинското претпријатие бидејќи имало голем број забелешки за чистотата.

    „Одлуката за проширување на територијата за дејствување ја донесовме со една единствена цел, зголемување на нивото на чистотата и хигиената на градот на што поголем дел од територијата на град Скопје. Работиме да собереме податоци колку индивидуални домаќинства има да им дадеме канти за ѓубре за да не го носат ѓубрето во контејнерите“, рече директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Абдусамед Шабани.

    Градоначалникот на општина Сарај Блерим Беџети кажа дека општинското комунално претпријатие ќе продолжи со подигнување на сметот во другите населени места и за прв во општина Сарај ќе се собира ѓубрето на целата територија.

    Покрај тоа што „Комунална хигиена“ ќе го чисти Сарај, ЈП „Паркови и зеленило“ ќе биде ангажирано во одржување на зеленилото.

    Градоначалникот Петре Шилегов кажа дека и покрај проширување на територијата на работа тие ќе имаа капацитети да интервенираат бидејќи наскоро ќе биде распишан тендер за набавка на нови камиони и контејнери, а дотогаш ќе добијат дел од механизацијата со која располага општинското претпријатие.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира