ПОЧИНА СРПСКИОТ АКТЕР ПРЕДРАГ ЕЈДУС

    ПОЧИНА СРПСКИОТ АКТЕР ПРЕДРАГ ЕЈДУСВо кариерата на Ејдус се забележани над 200 театарски улоги, снимил повеќе од 50 филмови, учествувал во повеќе од 80 ТВ-драми и серии (Фото: РАС Србија)

    Српскиот актер Предраг Ејдус, еден од доајените на српскиот театар и филм, по долго боледување почина синоќа во Белград на 71-годишна возраст.

    Во неговата кариера се забележани над 200 театарски улоги, снимил повеќе од 50 филмови, учествувал во повеќе од 80 ТВ-драми и серии, а снимил и над 200 улоги во радио-драми за „Радио Београд“.

    Роден е во Белград, а после гимназијата и неколку години поминати во култниот аматерски театар „Дадов“, дипломирал на актерска игра во 1972 година. Во Народно позориште во Белград се вработил во 1972 година, каде останал до 1993 година, а потоа премина во Југословенско драмско позориште.

    Српските медиуми пренесуваат дека Ејдус важеше за актер кој мора да игра на сцената по секоја цена.

    „Имав некои здравствени проблеми, но тоа не е нешто што може да го спречи човекот во некоја работа. Сум се качувал и паѓал и порано, паднав и од висина од четири метри, скокав во море, скршив нога. Сешто се случуваше. Но, претстава мора да има. Шоуто мора да продолжи. Сѐ ќе направам за претстава“, изјавил Ејдус лани во последното интервју за „Блиц“.

    Меѓу неговите позначајни улоги се во „Шовинистичка фарса“, „Есента пристигнува, моја Дуњо“, „Мирисот на дождот на Балканот“, „Театар в куќа“, „Зона Замфирова“, „ Јас и Тито“, а добитник е на значајни награди.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира