ТУРИСТИЧКИТЕ АВТОБУСИ НЕМА ДА МОЖЕ ДА СЕ ПАРКИРААТ НА МАТКА

    ТУРИСТИЧКИТЕ АВТОБУСИ НЕМА ДА МОЖЕ ДА СЕ ПАРКИРААТ НА МАТКАСекојдневно на Матка, а особено за викендите паркингот е блокиран од туристички автобуси кои носат туристи на еднодневни екскурзии.(Фото: СДК.МК)

    Туристичките автобуси нема да можат да стојат цел ден на пакрингот на Матка. Град Скопје планира да воведе посебен режим за паркирање на автобуси, со кој тие само ќе можат да влезат на паркингот, да ги остават патниците и да излезат од паркингот.

    Секојдневно на Матка, а особено за викендите паркингот е блокиран од туристички автобуси кои носат туристи на еднодневни екскурзии.

    Градоначалникот Петре Шилегов вели дека се размислува на влезот на автобусите да се наплаќа и после слегувањето на патниците, да заминат на паркинг кој ќе се направи во близина.

    „Го разгледуваме концептот. Очигледно е дека овој мал простор над трибините за кајак кој во моментов се користи како паркинг е сосема недоволен. Не постојат такви бисери во светот каде може да влезете и да ги оставите автобусите. Може да влезете да ги оставите патниците и да заминете и потоа да се вратите. Тоа е основата на концептот кој го работиме со општина Сарај за намалување на сообраќајот. Во непосредна близина ни е езеро Треска од друга страна има делови кои не се дел од Матка кои може да бидат уредени како паркинг простор“, вели градоначалникот Шилегов.

    Од овој месец Град Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ го презема од Општина Сарај чистењето и собирањето на ѓубрето од Матка, со цел да се подобри хигиената.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира