ВМРО-ДПМНЕ ОДЛУЧИ ДЕКА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА Е МРТОВ, НА ИЗБОРИ ЌЕ ОДИ САМО СО НОВА ПРЖИНСКА ВЛАДА ОД 100 ДЕНА

    ВМРО-ДПМНЕ ОДЛУЧИ ДЕКА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА Е МРТОВ, НА ИЗБОРИ ЌЕ ОДИ САМО СО НОВА ПРЖИНСКА ВЛАДА ОД 100 ДЕНАВМРО-ДПМНЕ бара да се формира техничка влада според Договорот од Пржино со мандат од сто дена и оставки од премиерот Зоран Заев,Оливер Спасовски и Мила Царовска, и министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика од ВМРО-ДПМНЕ сто дена и избор на нов јавен обвинител предложен од опозицијата - Христијан Мицкоски - (Фото:СДК.МК

    Извршниот комиет на ВМРО-ДПМНЕ  вечерва заклучи дека договорот од Преспа потпишан на 17 јуни е политички мртов и е празно слово на хартија.

    „Бараме разрешување на Републичкиот јавен обвинител кој не ја врши својата работа, односно замижува на очигледните нерегуларности пред, на  денот на референдумот и после него. Бараме избор на нов јавен обвинител на предлог на опозицијата кој ќе треба да се занимава со овие нерегуларности. Доколку Заев реши да распише избори, потребно е да се почитува Изборниот законик. Да се формира техничка влада според Договорот од Пржино со мандат од сто дена. Тоа значи оставки од  Зоран Заев, Оливер Спасовски и Мила Царовска, и министри за внатрешни и за труд и социјална политика од ВМРО-ДПМНЕ сто дена. Тоа е предуслов да има колку толку фер и демократски избори“, соопшти потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски.

    Николовски рече дека ВМРО-ДПМНЕ смета дека целата постапка на спроведувањето на референдумот е фалсификат и не ги признава резултатите. Тој кажа дека партијата во Собранието поднела предлог за формирање на анкетна комисија за да ги истражува непарвилностите кои се случија на референдумот.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира