СТАНУВА ЗБОР ЗА ПОЛИТИЧКИ ПРОГОН, КАЖА ГРУЕВСКИ ЗА ОДЛУКАТА НА АПЕЛАЦИЈА ДА МУ ЈА ПОТВРДИ ЗАТВОРСКАТА КАЗНА

    СТАНУВА ЗБОР ЗА ПОЛИТИЧКИ ПРОГОН, КАЖА ГРУЕВСКИ ЗА ОДЛУКАТА НА АПЕЛАЦИЈА ДА МУ ЈА ПОТВРДИ ЗАТВОРСКАТА КАЗНАЕкспремиерот Никола Груевски денеска е на судење за „Титаник“, каде е еден од обвинетите за злосторничко здружување и изборни нерегуларности. (Фото: СДК.МК)

    Поранешниот премиер Никола Груевски тврди дека е жртва на политички прогон, откако Апелациониот суд денеска му ја потврди двегодишната затворска казна во предметот на СЈО „Тенк“. Зборувајќи на пауза од судењето за предметот на СЈО „Титаник“, каде е еден од обвинетите за злосторничко здружување и изборни нерегуларности, Груевски најави дека ќе ги искористи сите правни лекови за да ја оспори одлуката на Основниот суд Скопје 1, потврдена од Апелациониот суд.

    „Станува збор за политички прогон, за политички монтиран процес, единствена промена е што одложија за по референдумот. Тоа е тоа. Сите правни лекови ќе се искористат. Има толку многу докази, што нема потреба од нови докази. Станува збор за обвинение дека сум влијаел да се купи возило, со цел, покрај другите и јас да сум се возел во него“, изјави Груевски.

    Лице осудено со правосилна пресуда на над една година затвор, според законот, може да бара до Врховниот суд преиспитување на правосилната пресуда со вонреден правен лек. Но, Врховниот суд, односно петчлениот кривичен совет каде на чело е Јово Вангеловски, не може да одлучи веднаш, туку треба првин да побара мислење од Јавниот обвинител на Македонија Љубомир Јовески.

    Праксата, велат во Врховниот суд, е во вакви случаи процедурата да трае и до четири па и пет месеци. Ако во меѓувреме нема некоја причина од сериозни здравствени проблеми, одлуката за извршување на затворската пресуда се спроведува веднаш, без оглед дали осуденото лице се обраќа до Врховниот суд со вонреден правен лек.

    Затворската казна за Груевски е за незаконито влијание на обвинетиот Груевски за набавката на луксузниот „мерцедес С-600 гард“, кое тие не можеле да го одбијат зашто им бил шеф, премиер.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира