КОНТРОВЕРЗНИОТ ДЕСНИЧАР БРЕТ КАВАНО ОБВИНУВАН ЗА СИЛУВАЊЕ ИЗБРАН ЗА ВРХОВЕН СУДИЈА НА САД

    КОНТРОВЕРЗНИОТ ДЕСНИЧАР БРЕТ КАВАНО ОБВИНУВАН ЗА СИЛУВАЊЕ ИЗБРАН ЗА ВРХОВЕН СУДИЈА НА САДСо 50-48 гласа „за“, гласањето во Сенатот ја затвори жолчната дебата по тврдењата дека Кавано сексуално нападнал жени пред 3 децении, што тој жестоко го демантираше.Изборот на Кавано е победа за Трамп (Фото: АП)

    Поделениот Сенат на САД со тесно мнозинство гласви го потврди Брет Кавано за нов судија во Врховниот суд, со што му оозможи триумф на претседателот Доналд Трамп во предизборната сезона, којшто може да го сврти Судот в десно за цела идна генерација, по битката којашто ја продлабочи културната, родовата и пoлитичката поделеност на земјата.

    Жолчна до крај, расправата на неколку пати беше прекината од демонстрантите во галеријата на Сенатот, пред да ги отстрани полицијата (Фото: АП)

    Со 50-48 гласа „за“, гласањето во Сенатот ја затвори дебатата по тврдењата дека Кавано сексуално нападнал жени пред 3 децении, што тој жестоко го демантираше. Овие тврдења ги засилија судирите од рутинска борба во Врховниот суд околу идеологијата на судиите, во погневна, покомплексна листа на прашања за правата на жртвите, презумпцијата на невиност и лични напади врз номинираните кандидати за судии. Жолчна до крај, расправата на неколку пати беше прекината од демонстрантите во галеријата на Сенатот, пред да ги отстрани полицијата.

    Врховните судии во САД имаат доживотен мандат.

    Гласањето му го даде на Трамп неговиот втор кандидат во Судот во корист на десницата, што ги задоволи конзервативните гласачи кои ќе се побунеа против лидерите на републиканците ако пропаднеше номинацијата на Кавано. Демократите се надеваат дека изборот на Кавано, точно еден месец пред изборите на кои се решава контролата врз Претставничкиот дом и Сенатот, ќе ги натера разлутените жени и либералите да излезат и да гласаат против републиканците.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира