Изборниот ден на локалните избори во март 2013 година е завршен, а обвинетото раководство на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски не е задоволно со резултатите, бидејќи Општина Центар не е добиена и ќе има втор круг, се слуша во прислушуваните разговори на судењето за предметот на СЈО „Титаник“.
Во бомбите се слуша и дека секој човек сега му е важен на ВМРО-ДПМНЕ, „и живи и мртви, сите“.
Во разговор со Јанакиески, Груевски кога дознава дека нема победа во Центар во првиот круг и дека ќе се оди во втор, па му вели: „Пушти абер кај нашиве што поише неважечки ливчиња да прават, и други финти, за да можеме после да се судиме“.
- ОДЕТЕ ПО КУЌИ И ЗЕМАЈТЕ ЛУЃЕ ШТО НЕ ИЗЛЕГЛЕ ДА ГЛАСААТ, НАРЕДУВА ЈАНАКИЕСКИ ВО БОМБИТЕ ЗА „ТИТАНИК“
- НЕКА ГИ ЗАШУТКААТ АВИОНИТЕ ОД ЦИРИХ И КАМИОН СО ПЕСОК НЕКА СЕ ПРЕВРТИ, МУ ПРЕДЛАГА ЈАНКУЛОСКА НА ЈАНАКИЕСКИ ВО БОМБА ЗА „ТИТАНИК“
Во меѓувреме, според бомбите, не се чека со да се почне притисоците за гласање за вториот круг од локалните избори. Товарот е насочен најмногу кон членството на ВМРО-ДПМНЕ и вработените во администрацијата.
Така, Јанакиески во разговор со соговорник предлага да ги викнат последните примени во администрацијата и да ги предупредат дека ако не гласаат и не обезбедат гласачи и ако победи Андреј Жерновски, ќе бидат избркани од работа.
С. К. ДЕЛЕВСКА