Тим од балкански готвачи го сруши светскиот рекорд за правење на палачинки. Готвачите од Босна и Херцеговина, Србија, Македонија, Црна Гора и од Словенија на Туристичкиот саем во Сараево направија 14, 186 палачинки за осум часа.
Постоечкиот официјален рекорд од 12, 716 палачинки беше постигнат лани во Москва.
Сто и четириест готвачи ги направија палачинките со 300 литри масло за јадење, 600 килограми брашно и 400 литри млеко во импровизраната кујна на отворено, додека ги оценуваше жири од 15 судии.
Голем дел од палачинките беа послужени на посетителите, а организаторите, кои треба да почекаат официјална потврда од Гинисовата книга на рекорди, рекоа дека останатиот дел од палачинките ќе биде поделен на ранливите групи граѓани.