Србија не учествува на Европското првенство во фудбал, но си најде причина да се радува: Бастијан Швајнштајгер постигна гол.
Капитенот на германската репрезентација, кој е во врска со српската тенисерка Ана Ивановиќ, беше стрелец на вториот гол за тимот на Јоаким Лев во синоќешната победа од 2:0 над Украина во Лил.
„Сега е навистина српски зет“, напиша „Блиц“, а сличен наслов имаше и „Информер“: „Тоа, Швајни, Србине!“.
Ана Ивановиќ, сепак, не беше на стадионот да му се израдува во живо на погодокот. Српската тенисерка се наоѓа во Шпанија за турнирот во Мајорка.