СВЕТОТ ОДБЕЛЕЖУВА 100 ГОДИНИ ОД КРАЈОТ НА ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА – СВЕТСКИТЕ ЛИДЕРИ СОБРАНИ ВО ПАРИЗ, ГЕРМАНСКИ ЛИДЕР ПРВПАТ ПОЛОЖИ ВЕНЕЦ ВО ЛОНДОН

    СВЕТОТ ОДБЕЛЕЖУВА 100 ГОДИНИ ОД КРАЈОТ НА ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА – СВЕТСКИТЕ ЛИДЕРИ СОБРАНИ ВО ПАРИЗ, ГЕРМАНСКИ ЛИДЕР ПРВПАТ ПОЛОЖИ ВЕНЕЦ ВО ЛОНДОНТрамп, Меркел и Путин се меѓу 70-ина светски лидери кои дојдоа на церемонијата кај Триумфалната порта во Париз (Фото: АП)

    Светските лидери денеска се собраа во Париз на одбележувањето на стогодишнината од потпишувањето на примирјето, со кое беше ставен крај на Првата светска војна, во која загинаа 9,7 милиони војници и исто толку цивили.

    Воени ветерани маршираат во Лондон (Фото: Гети)

    Меѓу 70-ина претседатели, премиери и други достоинственици кои присуствуваат на службата кај Триумфалната порта се и Доналд Трамп и Владимир Путин. Тие дополнително им се придружија на францускиот претседател Емануел Макрон и на неговите високи гости, кои бавно и во тишина маршираа кон портата на силен дожд, придружено од ѕвонењето на камбаните низ градот.

    Германски претседател Франк-Валтер Штајнмаер положи венец на кенотафот во Лондон (Фото: ПА)

    Слични настани денеска се одржуваат и на други локации низ светот, како во Лондон, Австралија, Нов Зеланд и Индија.

    Во својот говор, Макрон ги повика насобраните светски лидери заедно да се борат за светски мир.

    „Ајде да ги градиме нашите надежи, место да се плашиме едни со други“, кажа Макрон, додавајќи дека патриотизмот е целосно спротивен на национализмот.

    Австралија исто така се присетува на своите жртви од Првата светска војна (Фото: ЕПА)

    Во продолжението на комеморацијата, попладнево ќе се одржи Светски мировен форум во Париз, на кој ќе учествуваат Макрон, Путин, Ангела Меркел и Реџеп Таип Ердоган.

    Принцот Чарлс положи венец во името на британското кралско семејство на кенотафот во Вајтхол во Лондон и за првпат во историјата, му се придружи и германски лидер, претседателот Франк-Валтер Штајнмаер.

    Емануел Макрон ги повика насобраните светски лидери заедно да се борат за светски мир (Фото: ЕПА)

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира