Од рано изутринава ексминистерот за транспорт Миле Јанакиески и ексгенералнот секретар на влада и на ВМРО-ДПМНЕ Кирил Божиновски се во притвoр, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од судски извори.
Јанакиески е обвинет во пет случаи на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за кои судењата се во тек. Се споменува во речиси сите истраги на СЈО.
Кирил Божиновски, како поранешен генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ е обвинет во случајот со изборни нерегуларности „Титаник“.
- ЈАНАКИЕСКИ ГО ОСУДИ БЕГСТВОТО НА ГРУЕВСКИ ОТИ ЌЕ ИМ ШТЕТИ НА ПРЕДМЕТИТЕ ВО КОИ СЕ ЗАЕДНО ОБВИНЕТИ
- И ГОРДАНА ЈАНКУЛОСКА ГО ОСУДИ БЕГСТВОТО НА ГРУЕВСКИ
Судско рочиште за „Титаник“ е закажано за денеска во 9.30 часот.
Како што дознаваме, не се работи за нова истрага на двете обвинителства, тука за обезбедување на мерка на присуство, по бегството на осудениот пратеник и експремиер Никола Груевски во Унгарија каде бара политички азил.
С. К. ДЕЛЕВСКА