АМБАСАДОРОТ ГАРЕТ СО ПОРАКА ДО ДИПЛОМАТИТЕ:САКАЈ ГИ СИТЕ, ВЕРУВАЈ НА МАЛКУМИНА, НЕ ПРАВИ ЗЛО НИКОМУ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    АМБАСАДОРОТ ГАРЕТ СО ПОРАКА ДО ДИПЛОМАТИТЕ:САКАЈ ГИ СИТЕ, ВЕРУВАЈ НА МАЛКУМИНА, НЕ ПРАВИ ЗЛО НИКОМУ

    Вечерва Британската амбасада во Скопје го слви 90 – тиот роденден на кралицата Елизабета Втора. На приемот во хотелот Алаксандар Палас дојдоа гости од цела земја.   „Во септември минатата година Нејзиното Величество стана монархот кој најдолго владеел со Обединетото Кралство, надминувајќи ја нејзината чукун баба Кралицата Викторија. Кралицата е родена во 1926 година, годината во која еден шкотски инжинер Џон Логи Берд го измисли телевизорот. И стана шеф на држава во 1952 година, кога Черчил беше премиер, а Мајка Тереза, познатата ќерка на Скопје, го отвори првиот дом за тешко болните и осиромашените во Калкута. Оваа година прославата на Роденденот на Кралицата е посебна – затоа што се осврнуваме на едно владеење од огромна важност, владеење кое ја обликува модерна Британија“, ре амбасадорот на Британија во Македонија Чарлс Гарет.                                                Низ овие години Кралицата, како што наглси амбасадот Гарет, била сила на стабилност во период на огромни промени. На своите неделни состаноци ги дискутирала глобалните и националните прашања со нејзините премиери – 12 на број – од Винстон Черчил до Дејвид Камерон.                                                                                                 Оваа година се одбележуваат и 400 години од смртта на Шекспир. Амбасадорот рече дека овој јубилеј го објаснува присуството на луѓе на приемот кои, и покрај тоа што е многу топло, се шетаат во многу непрактични елизабетански алишта. За гостите се изложени цитати од Шекспир па можат да си направат самослик покрај оние кои им се омилени.                                                                                                                     „Еден од моите омилени цитати од Шекспир е oд ’Се е добро, штом добро се заврши’ кога мајка го советува синот ’сакај ги сите, верувај на малкумина, не прави зло на никој’. Тоа и не е лош совет за кого било – вклучително и за дипломатите. Ќе се потсетувам на овој цитат во мојата работа на надградување на цврстите односи што Британија ги има со Македонија. Тоа е однос кој се заснова на огромен број индивидуални релации помеѓу нашите две земји – и на дипломатските врски засновани на отворени и искрени разговори. Британија е силен поддржувач на Македонија од нејзината независност до денес“, рече амбасадорот Гарет.                       Тој потсети дека Македонија стана земја-кандидат за членство во ЕУ во рамки на Битанското претседателство во 2005 година. Оттогаш наваму Гарет рече дека Британија заедно со Македонија работи на зајакнување на граѓанскиот сектор,на градење врски во одбраната, на зајакнување на независноста на медиумите, на создавање успешни економски и инвестициски активности во Македонија, и на зајкнување многу други релации.                                                                                                                     „Како што кажа и нашиот министер за Европа Дејвид Лидингтон за време на неговата посета на Македонија во март оваа година – Британија секогаш била искрен пријател на Македонија. И ова ќе продолжи“, рече амбасадорот Гарет.                             Оваа година се одбележува уште еден значаен јубилеј во односите помеѓу двете земји – 20 години работа на Британскиот Совет во Македонија. Преку програмата за стипендирање – Чивнинг, приближно 200 студенти од Македонија се школуваа во Британија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари