БИОГРАФСКИОТ ФИЛМ ЗА ДИК ЧЕЈНИ ГИ ПРЕДВОДИ НОМИНАЦИИТЕ ЗА ЗЛАТЕН ГЛОБУС

    БИОГРАФСКИОТ ФИЛМ ЗА ДИК ЧЕЈНИ ГИ ПРЕДВОДИ НОМИНАЦИИТЕ ЗА ЗЛАТЕН ГЛОБУСКристијан Бејл и Ејми Адамс како Дик и Лин Чејни се меѓу шесте номинации што ги доби филмот „Потпретседател“ (Фото: АП)

    „Потпретседател“, биографскиот филм за поранешниот американски потпретседател Дик Чејни, со Кристијан Бејл во насловната улога, ја предводи листата на номинираните за претстојните Златни глобуси, кои се главна најава за Оскарите.

    Новиот филм на оскаровецот Адам Мекеј доби шест номинации, од кои и за најдобар филм (комедија/мјузикл) и за најдобри актери (Бејл и Ејми Адамс).

    По пет номинации имаат „Зелена книга“, „Фаворитот“ и „Ѕвезда е родена“, кој меѓу големи фаворити ја исфрлува поп ѕвездата Леди Гага. Таа е номинирана за најдобра актерка во драма, покрај Глен Клоуз („Сопруга“), Никол Кидман („Уништувач“), Мелиса Мекарти („Ќе ми простиш ли некогаш?“) и Розамунд Пајк („Приватна војна“), како и Бредли Купер за своето режисерско деби, но и за најдобар актер. Во оваа категорија се најдоа и Вилем Дефо („Пред порта на вечноста“), Лукас Хеџес („Избришано момче“), Рами Малек („Боемска рапсодија“) и Џон Дејвид Вошингтон („Црниот член на Кју-Клукс-Клан“).

    За најдобар филм-драма се номинирани „Црниот Пантер“, „Црниот член на Кју-Клукс-Клан“, „Боемска рапсодија“, „Ако улицата Бил би можела да зборува“ и „Ѕвезда е родена“, а за комедија/мјузикл „Луди откачени Азијци“, „Фаворитот“, „Зелена книга“, „Враќањето на Мери Попинс“ и „Потпретседател“.

    Покрај Купер, за најдобар режисер конкурираат Алфонсо Куарон („Рим“), Питер Фарели („Зелена книга“), Спајк Ли („Црниот член на Кју-Клукс-Клан“) и Адам Мекеј („Потпретседател“).

    Од ТВ-сериите, најмногу номинации, четири, доби „Американска крими приказна: убиството на Џани Версаче“.

    Доделувањето на Златните глобуси ќе се одржи на 6 јануари 2019.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира