ВЛАДИМИР СИМОНОВСКИ ОД ПОЖАРНАТА СЛУЖБА НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ НОВ КОМАНДАНТ НА ПРОТИВПОЖАРНАТА БРИГАДА

    ВЛАДИМИР СИМОНОВСКИ ОД ПОЖАРНАТА СЛУЖБА НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ НОВ КОМАНДАНТ НА ПРОТИВПОЖАРНАТА БРИГАДАСимоновски е првиот командант на Пожарната кој не бил дел од неа; - Градоначалникот Петре Шилегов денеска заедно со новиот командант ги посети новите 19 вработени пожарникари.(Фото: Град Скопје)

    Владимир Симоновски, кој досега бил вработен во пожарната служба на Меѓународниот аеродром Скопје, е новиот командант на скопската Бригада за противпожарна заштита. Симоновски како вработен на аеродормот имал функција на раководител на смена во пожарната служба.

    Симоновски е првиот командат на скопската  Пожарна кој е поставен на раководна функција, а да не е дел од оваа единица. Вработени во Пожарната велат дека од формирањето на Бригадата во 1948 годинa па до сега, секогаш функцијата командат ја вршеле пожарикари кои биле со години дел од неа.

    Градоначалникот Петре Шилегов за САКАМДАКАЖАМ.МК потврдува дека Симоновски бил избран на огласот кој го распиша Град Скопје за избор на командант на Пожарната бригада.

    „Владимир Симоновски има искуство од 18 години во Противпожарната служба на аеродромот во Скопје. Ги исполнува сите услови и нема ништо спорно што не бил вработен како пожарникар во скопската Пожарна. Моја цел е да направиме промени во работата на оваа служба, за да може поефикасно да се извршуваат работните задачи“, вели Шилегов.

    Денеска во Противпожарната бригада во Автокоманда прв работен ден, имаа и 19 нови вработени пожарникари. Нив во друштво на командирот Симоновски ги посети градоначалникот Петре Шилегов.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира