ЗАМРЗНАТ Е ИМОТОТ И СМЕТКИТЕ НА ЦВЕТКОВ, СПАСЕНОСКИ, ДЕЛЕВ И ДИМОВСКИ

    ЗАМРЗНАТ Е ИМОТОТ И СМЕТКИТЕ НА ЦВЕТКОВ, СПАСЕНОСКИ, ДЕЛЕВ И ДИМОВСКИПритворените ексминистри за земјоделие Михаил Цветков, Александар Спасеноски и Христијан Делев, како и пратеник и ексминистер за земјоделие Љупчо Димовски се осомничени дека во периодот на нивното министерување во 10-годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, толерирале неплаќање закуп на државно земјоделско земјиште со што државата ја оштетиле за 1,5 милион евра

    На барање на Обвинителството за организиран криминал и корупција, замрзнат е имот и сметки на притворените ексминистри за земјоделие Михаил Цветков, Александар Спасеноски и Христијан Делев, како и на осомничениот пратеник и ексминистер за земјоделие Љупчо Димовски, кому собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања му го симна пратеничкиот имунитет во саботата и се очекува Судот дополнително да одлучи за неговото барање за притвор.

    Четворицата се осомничени дека во периодот на нивното министерување во 10-годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, толерирале неплаќање закуп на државно земјоделско земјиште со што државата ја оштетиле за 1,5 милион евра.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира