ВОЗАЧОТ НА ПРЕВРТЕНИОТ АВТОБУСОТ ПУШТЕН НА ДОМАШНО ЛЕКУВАЊЕ

    ВОЗАЧОТ НА ПРЕВРТЕНИОТ АВТОБУСОТ ПУШТЕН НА ДОМАШНО ЛЕКУВАЊЕВозачот кога бил примен во болницата бил во свесна состојба и дал изјава на полицијата и јавен обвинител. - Премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче денеска ги посетија повредените во болницата „8 Септември“ (Фото: К. Попов)

    Возачот на автобусот М.Т. (49) од Гостивар, кој вчера попладне се преврте на автопатот Скопје-Тетово е пуштен на домашно лекување.

    Директорот на болницата „8 Септември“ Кристијан Костов утринава кажа дека возачот бил примен синоќа, по извршените прегледи му биле констатирани телесни повреди и бил пуштен на домашно лекување.

    Возачот кога бил примен во болницата бил во свесна состојба и дал изјава на полиција и јавен обвинител.

    Министерот за здравство Венко Филипче, кој денеска заедно со премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Бујар Османи ги посетија повредените во сообраќајната несреќа, рече дека во моментов 7 лица се во критична состојба.

    „Четири лица се на интензивна нега во критична состојба во болницата ’8 Септември‘, 3 лица во Клиничкиот центар се на интензивна нега во критична состојба по извршената хируршка интервенција“, кажа Филипче.

    Во тешката сообраќајна несреќа која вчера се случи на автопатот Скопје-Тетово загинаа 14 лица.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира