„ЗЕЛЕНА КНИГА“ ГО ШОКИРАШЕ „РОМА“ И ГО ОСВОИ ОСКАРОТ ЗА НАЈДОБАР ФИЛМ

    „ЗЕЛЕНА КНИГА“ ГО ШОКИРАШЕ „РОМА“ И ГО ОСВОИ ОСКАРОТ ЗА НАЈДОБАР ФИЛМОсвен главната награда, „Зелена книга“ освои оскари и за најдобро сценарио и за машка споредна улога (Фото: АП)

    Алфонсо Куарон трипати излегуваше да прими оскар на 91. доделување на најпрестижните филмски награди, но во големото изненадување не вечерта, „Зелена книга“ беше прогласен за најдобар филм.

    „Рома“, црно-белата драма на шпански јазик на стриминг сервисот „Нетфликс“, пристигна на Оскарите по историски триумф, но на крајот мораше да се задоволи со наградата за најдобар странски филм, како и за режија и кинематографија, сите за Куарон.

    Севкупно, со најмногу оскари се закити „Боемска рапсодија“ – четири.

    Рами Малек очекувано беше прогласен за најдобар актер за улогата на Фреди Меркјури во „Боемска рапсодија“, додека Глен Клоуз не успеа и од седми обид, откако Оскарот за најдобра актерка го освои Оливија Колман за „Миленичка“. Ниту Леди Гага не си замина со празни раце, освојувајќи го утешниот оскар за најдобра песна.

    Оскарот за најдобра споредна улога им припадна на Реџина Кинг („Кога улицата Бил би можела да зборува“) и на Махершала Али („Зелена книга“), кој во истата категорија славеше и пред две години.

    „Зелена книга“ му го одзеде на Куарон и оскарот за најдобро оригинално сценарио, а култниот филмаџија Спајк Ли го дочека првиот оскар во својата кариера, за најдобро адаптирано сценарио за „Црниот член на Кју-Клукс-Клан“, три години откако му беше доделена почесна статуетка.

    Од 10-те номинации, „Миленичка“ освои само една награда, додека „Блек Пантер“ собра три оскари во голем момент за „Марвел“ и за филмовите со суперхерои.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира