ПОЧИНА УШТЕ ЕДНА ПОВРЕДЕНА ВО АВТОБУСКАТА НЕСРЕЌА КАЈ ЛАСКАРЦИ, ВКУПНО 16 ЗАГИНАТИ

    ПОЧИНА УШТЕ ЕДНА ПОВРЕДЕНА ВО АВТОБУСКАТА НЕСРЕЌА КАЈ ЛАСКАРЦИ, ВКУПНО 16  ЗАГИНАТИПочинатата 19-годишна девојка е 16. жртва на автобуската несреќа кај Ласкарци од 13 февруари (Фото: Ѓ. Личовски)

    На Клииниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување денес почина 19-годишната девојка од автобуската несреќа кај Ласкарци, што се случи на 13 февруари. Сега вкупниот број на загинати патници е 16. Несреќата се случи на автопатотот Скопје-Тетово, кога автобусот на компанијата „Дурмо Турс“ излета од патот.

    Д-р Алберт Леши, од Ургентниот центар, вели дека повредената девојка на која и беше ампутирана ногата починала денеска околу пладне.

    „Таа и најдолго беше на лекување кај нас. Ја донесоа уште вечерта за време на несреќата со повеќе повреди. Веднаш беше оперирана, потоа се покажа дека има потреба од други операции, ѝ ја ампутиравме и ногата, но, за жал, денес почина“, вели д-р Леши.

    Истрагата за сообраќајката на автобусот кај Ласкарци на 13 февруари во која загинаа 15-мина откри криминални практики на превозникот „Дурмо турс“: дека сопирачките биле неисправни и иако тоа било увидено на техничкиот преглед, во јули 2018 му било дадена дозвола за работа. Истото, и покрај неправилностите, било направено и при техничкиот прием во декември 2018. Дополнително е утврдено дека е манипулирано со тахографот со што не се покажувала реалната брзина на возење. Неисправноста на кочниците и големата брзина се причина за сообраќајката. Судот минатата недела одреди притвор за тројца, односно за сопственикот, возачот на автобусот и раководителот на компанијата.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира