СЈО ГО БЛОКИРААТ ЧИНИТЕЛИТЕ НА БИВШИОТ РЕЖИМ ДУИ И ВМРО-ДПМНЕ, ВЕЛИ ЗИЈАДИН СЕЛА

    СЈО ГО БЛОКИРААТ ЧИНИТЕЛИТЕ НА БИВШИОТ РЕЖИМ ДУИ И ВМРО-ДПМНЕ, ВЕЛИ ЗИЈАДИН СЕЛАСела на средбата со премиерот Зоран Заев и министерката за правда Рената Дескоска денеска во Собранието побарал формирање и специјален суд, покрај специјално јавно обвинителство. - Зијадин Села на прес-конференција во Собранието (Фото: СДК.МК)

    Лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села ги посочи ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ дека го блокираат носењето на Законот за Јавно обвинителство и не даваат да се реши статусот на Специјалното јавно обвинителство, одговорајќи на новинарско прашање по денешната средба со премиерот Зоран Заев и министерката за правда Рената Дескоска во Собранието.

    „Ставот наш е дека СЈО е блокирано од чинителите на бившиот режим, значи од ДУИ, која е и во оваа власт, а потоа и од ВМРО-ДПМНЕ, но сепак ќе кажам дека Алијансата смета дека СЈО ја нема исполнето целта за која што беше формирано. Досега нема казна за претставници на албанската позиција. ДУИ краде избори веќе 17 години, а СЈО има формирано само еден предмет за тоа. СЈО досега требаше да обезбеди и враќање на украдени милионски суми од страна на чинителите на претходниот режим, предводени од ВМРО-ДПМНЕ, но и тоа не го направи. Законите што сега ги правиме, особено овој за СЈО, не треба да бидат одбранбен механизам за нечии криминал“, кажа Села, објаснувајќи што бараат за да ја даде поддршката на АА во гласањето на Законот за јавно обвинителство, кој се носи со двотретинско мнозинство.

    Села на средбата со премиерот Зоран Заев и министерката за правда Рената Дескоска денеска во Собранието побарал формирање и специјален суд, покрај специјално јавно обвинителство.

    Села кажа дека има такви европски практики и дека ако сака Македонија да биде навистина правна држава мандатот на СЈО треба да се продолжи како самостојно обвинителство со точно одредени надлежности за лов на висока корупција, но и тој систем да се надгради со формирање на специјален суд или специјално судско одделение согласно Уставот и законите.

    Алијансата, исто така, побарала бомбите да останат во живот и понатаму и да се испита целата корупција во изминатата декада, паралелно со новите постапки што ќе ги отвора тоа специјално обвинителство за актуелната власт.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира