Фудбалските навивачи на Ирска и Северна Ирска добија медали од париската градоначалничка Ан Идалго за примерно однесување за време на Европското првенство во Франција
Опкружена со претставници на двете навивачки групи под Ајфеловата кула, Идалго им се заблагодари за песните и за дружењето.
„Им благодарам на ирските навивачи, видовме исклучителни работи. Видовме серенади на улиците! Видовме песни за успивање бебиња во метрото! Видовме полицајци како пејат заедно со навивачите“, кажа Идалго.
Градоначалничката им ги додели медалите на Џејми Монаган, 17-годишниот претставник на Ирска, кој има тежок телесен инвалидитет, и на Џим Спрат, претставникот на Северна Ирска.
Двете репрезентации беа елиминирани во осминафиналето на Европското првенство.