Најголемиот авион на светот според распонот на крила го имаше својот прв лет над пустината Мохаве во Калифорнија.
Наречен „стратолаунч“, според компанијата што го произведе, тој има распон на крила од 117 метри, колку што е должината на фудбалски терен во САД. Тоа нема да биде патнички авион, туку ако проектот биде успешен, тој во иднина треба да служи како поевтина основа за лансирање ракети и комерцијални сателити во вселената. Авионот би се кревал до височина од десет километри, по што би се вршело лансирање.
„Искуството беше фантастично и во голем дел, авионот леташе како што беше предвидено“, изјави пилотот Еван Томас.
Направен од делови од „боинг“ и придвижуван од шест мотори, авионот успеа да се крене до височина од 4.500 метри и да постигне максимална брзина од 274 километри на час.