Уличните дупки во британскиот град Мидлсборо се асфалтирани два дена откако околу нив беа нацртани графити во вид на пенис.
Фалусовидните симболи изминатава недела беа исцртани околу бројни дупки на патиштата во Мидлсборо. Советот на Мидлсборо рече дека екипа за одржување улици и патишта која што веќе била во таа област ги затрупала дупките со нацртан пенис веднаш штом разбрала за нив.
Жител на градот вели дека графитите ја покажуваат „моќта на стојко“, оти дупките на патот се појавиле пред две години но биле сериозен проблем веќе една година.