ВО ОХРИД И НОВО СЕЛО СДСМ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК, А ИЗГУБИ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ

    ВО ОХРИД И НОВО СЕЛО СДСМ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК, А ИЗГУБИ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛНовиот градоначалник на Охрид Георгиевски освои победи со 3.855 гласови разлика, а градоначалникот на Ново Село Андонов победи само 19 гласови повеќе.(Фото: СДК.МК)

    Во општините Охрид и Ново Село каде покрај претседателските избори вчера во вториот круг се избираше и градоначалник, победија кандидатите на СДСМ, а ВМРО-ДПМНЕ освои повеќе гласови во изборот за претседател.

    Во Општина Охрид претседателскиот кандидат на СДСМ и коалицијата освои 14.107 гласови, а Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ 15.127 односно 1.020 гласови повеќе. Новиот градоначалник на Охрид од СДСМ Константин Георгиевски пак го победи неговиот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ Митре Милошевски со 3.855 гласови разлика. Георгиевски освои 16.523 гласови, а Милошевски 12.668.

    Во Општина Ново Село новиот градоначалник од СДСМ Никола Андонов победи со 19 гласови повеќе наспроти кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Николче Стоилков. Андонов освои 2.885 гласови, а Стоилков 2.866. На изборите пак за претседател Силјановска Давкова освои 3.208 гласови, а Пендаровски 2.571 или 637 гласови помалку.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира