ПРИНЦОТ ХАРИ И МЕГАН ДОБИЈА СИН

    ПРИНЦОТ ХАРИ И МЕГАН ДОБИЈА СИНДетето на војвотката и на војводата од Сасекс ќе биде седмо во линијата за кралскиот престол (Фото: Гети)

    Војвотката од Сасекс Меган роди машко дете, објави нејзиниот сопруг, принцот Хари. Тој рече дека се пресреќни и  ѝсе заблагодари на јавноста за подрршката за време на бременоста на Меган.

    Војводата од Сасекс рече дека мајката и бебето се одлично, додавајќи дека сѐ уште размислуваат за името.

    Бакингамската палата соопшти дека бебето тежи 3 килограми и дека војводата присуствувал на породувањето.

    Бебето на Хари и Меган Маркл, поранешна американска актерка, е седмо во линијата за кралскиот престол, и е осмо правнуче на Кралицата Елизабета Втора. Тие се венчаа лани на 19 мај.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира