Ракометарите на Вардар ќе се сретнат со Барселона во полуфиналето на завршниот турнир на Лигата на шампионите во Келн, што ќе биде реприза на нивниот дуел од 2017 година. Вардарци тогаш сензационално победија со 26:25 и се пласираа во финалето и потоа ја освоија титулата.
Во другото полуфинале ќе се соочат Кјелце и Веспрем.
Десеттото издание на Фајнл форот во Келн ќе се игра на 1 и 2 јуни.
Барселона беше првопласирана во А-групата со само два порази, по што во четвртфиналето го елиминираше Нант на Кире Лазаров.