ДВА ДВОКАТНИ АВТОБУСИ ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ САКААТ ДА ГИ ДОЧЕКААТ РАКОМЕТАРИТЕ НА АЕРОДРОМ

    ДВА ДВОКАТНИ АВТОБУСИ ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ САКААТ ДА ГИ ДОЧЕКААТ РАКОМЕТАРИТЕ НА АЕРОДРОМДоколку не врне, ракометарите од аеродром до плоштад ќе се возат со панорамскиот автобус кој е брендиран со логото Вардар.(Фото: СДК.МК)

    ЈСП „Скопје“ ќе обезбеди два двокатни автобуси за граѓаните кои сакаат да ги пречекаат ракометарите на Вардар на меѓународниот аеродром Скопје.

    Од ЈСП информираат дека автобусите ќе тргнат кон аеродромот во 17 часот од пред „Југодрво“

    „Автобусите се наменети за граѓани кои немаат превоз, а сакаат да ги пречекаат ракометарите на скопскиот аеродром. Превозот е бесплатен“, велат од ЈСП „Скопје.

    За превоз на ракометарите се обезбедени три двокатни автобуси, еден панорамски и два затворени, кои се брендирани со логото на ракометниот клуб Вардар. Доколку не врне, ракометарите од аеродром до плоштад ќе се возат со панорамскиот автобус.

    Ракометарите во Скопје треба да слетаат во 18.50 часот со чартер лет обезбеден од Град Скопје. На плоштадот во 19.30 часот ќе почне прославата со организиран дочек.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира