ЕРДОГАН УАПСИ 6.000 ВОЈНИЦИ И СУДИИ И УШТЕ ЌЕ АПСИ

a:1:{s:9:"td_source";s:31:"Турција(Би-Би-Си)

    ЕРДОГАН УАПСИ 6.000 ВОЈНИЦИ И СУДИИ И УШТЕ ЌЕ АПСИ

    Турција уапси 6.000 луѓе по неуспешниот обид за воен удар во петокот, а се очекува бројот на уапсени да расте, изјави министерот за правда Бекир Боздаг. Меѓу уапсените се и високи офицери и 2.700 судии. Над 50 високи офицери денеска се уапсени во западната провинција Денизли. Боздаг ги нарече апсењата операција за чистење. Најмалку 265 луѓе загинаа во судирите при неуспешниот пуч.

    Се чини дека пучот од 15 јули го изведе главно жандармеријата и воздухопловиниот персонал. Клучните делови на армијата жестоко го осудија пучот. Началникот на Генералштабот и уште двајца генерали од морнарицата наводно биле земени во заложништво од хунтата. Началникот бил ослободен, но каде се морнаричките генерали уште не се знае.

    Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган вели дека парламентот може да го разгледа враќањето на смртната казна.

    Ердоган го обвини турскиот све

    Ердоган го обвини турскиот свештеник Фетулах Ѓулен, кој 15 години живее во САД, дека стои зад пучот, но Ѓулен негира и рече дека е можно самиот Ердоган да го инсценирал воениот удар.

    Ердоган го обвини турскиот свештеник Фетулах Ѓулен, кој 15 години живее во САД, дека стои зад пучот, но Ѓулен негира и рече дека е можно самиот Ердоган да го инсценирал воениот удар.

    штеник Фетулах Ѓулен, кој 15 години живее во САД, дека стои зад пучот, но Ѓулен негира и рече дека е можно самиот Ердоган да го инсценирал воениот удар.

    Меѓу уапсените се и генералите на втората и на третата армија, и началникот на воздухопловството.Еден од највисоките турски судии, Алпарслан Алтан исто е уапсен.

    Осумтемина турски војници кои со хеликопер пребегаа во Грција побараа политички азил, денеска се изведни пред суд за илегален влез во земјата

    Осумтемина турски војници кои со хеликопер пребегаа во Грција побараа политички азил, денеска се изведни пред суд за илегален влез во земјата

    Осумтемина турски војници кои со хеликопер пребегаа во Грција  побараа политички азил, денеска се изведни пред суд за илегален влез во земјата. Нивниот адвокат изјави дка тие не учествувале во пучот, но пребегале во Грција кога на нив пукала турската полиција. Турција бара нивно испорачување.

    Ердоган рече дека оние кои стојат зад пучот ќе платат висока цена, а пучот го нарече „дар од Бога… оти ова ќе биде причина да ја исчистиме армијата“. Тој ги повика САД да го испорачаат 75-годишниот Ѓулен кој живее во Пенсилванија, кој е на чело на популарното движење Хизмет во кое членуваат и високи воени команданти и среднокласни бирократи. Ѓулен некогаш беше сојузник на Ердоган, но тој одамна го обвинува дека сплеткари против него.

    Државниот секретар на САД Џон Кери рече дека за да има испорачување, Турција мора да „ни претстави каков било легитимен доказ што ќе биде веродостоен“. Кери остро го прекори турскиот министер кој сугерираше дека Вашингтон стои зад пучот. Тој рече дека „тотално погрешните инсинуации се штетни за нашите билатерални односи“ . Претседателот Барак Обама беше меѓу светските лидери кои ги повикаа сите страни да дејствуваат „во рамите на владеењето на правото“.

    Турците, дури оние кои се радуваат што пучот пропадна, сега со страв чекаат да видат како скапоцениот демократски систем ќе издржи кога Ердоган ќе го искористи неговиот личен триумф победувајќи ги оние кои се обидоа да го урнат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира