ПОЛСКИ НАВИВАЧИ СЕ СТЕПАА МЕЃУСЕБЕ ВО КАФУЛЕ НА ПЛОШТАД МАКЕДОНИЈА, ЧЕТВОРИЦА ПРИВЕДЕНИ

    ПОЛСКИ НАВИВАЧИ СЕ СТЕПАА МЕЃУСЕБЕ ВО КАФУЛЕ НА ПЛОШТАД МАКЕДОНИЈА, ЧЕТВОРИЦА ПРИВЕДЕНИКако што раскажуваат очевидци, неколку навивачи биле приведени веднаш во кафулето, а дел полицајците ги бркале низ Плоштад и успеале да ги фатат и приведат.(Фото: СДК.МК)

    Полски навивачи кои се дојдени во Скопје за утрешниот фудбалски натпревар меѓу Македонија и Полска, се степаа меѓусебе. Попладнево поголема група навивачи биле во кафуле на Плоштад Македонија. Во еден момент почнала расправија и тепачка меѓу навивачите.

    „Станува збор за меѓусебна тепачка на навивачи на Полска. Многу брзо интервенираа полициски службеници и сега засега се приведени 4 лица“, велат од Министерството за внатрешни работи.

    Како што раскажуваат очевидци, неколку навивачи биле приведени веднаш во кафулето, а дел полицајците ги бркале низ Плоштад и успеале да ги фатат и приведат.

    Репрезентациите на Македонија и Полска утре во 20.45 часот на арената „Тодор Проески“ го играат првиот меѓусебен натпревар во квалификациите за Европското првенство во 2020.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира