ОХРИД ДО ФЕВРУАРИ ТРЕБА ДА ГИ УРНЕ ДИВОГРАДБИТЕ, ИНАКУ ЌЕ БИДЕ СТАВЕН НА ЛИСТАТА НА СВЕТСКО НАСЛЕДСТВО ВО ОПАСНОСТ

    ОХРИД ДО ФЕВРУАРИ ТРЕБА ДА ГИ УРНЕ ДИВОГРАДБИТЕ, ИНАКУ ЌЕ БИДЕ СТАВЕН НА ЛИСТАТА НА СВЕТСКО НАСЛЕДСТВО ВО ОПАСНОСТОхрид не беше прогласен за загрозено подрачје, но на властите им е даден рок да го исполнат барањата односно да прогласат мораториум на секакви урбани трансформации на брегот на езерото, но и на каква било урбана трансформација. - Хотелот кој се згради во заштитено подрачје во Лагадин (Фото: СДК.МК)

    УНЕСКО ѝ даде рок на Општина Охрид до февруари наредната година да ги спроведе препораките за заштита на природни богатства. На седницата на Комитетот на УНЕСКО која се одржа во Баку, Азербејџан, Охрид не беше прогласен за загрозено подрачје, но на властите им е даден рок да го исполнат барањата односно да прогласат мораториум на секакви урбани трансформации на брегот на езерото, но и на каква било урбана трансформација.

    „Власта до 1 февруари 2020 година да поднесе до Комитетот за светско наследство нов извештај за зачувување на имотот, кој ќе биде разгледуван од Комитетот за светско наследство на 44-та сесија во 2020 година. Доколку се утврди опасност на нејзината универзална вредност, ќе се вметне во листата на Светско наследство во опасност“, беше заклучокот на Комитетот на УНЕСКО за Охрид на вчерашната сесија во Баку.

    Општина Охрид досега исполни само две од препораките на УНЕСКО односно направи Регистар на нелегални градби и ги отстрани палмите од кејот во центарот на градот. Мораториум уште не е воведен.

    Регистарот покажа дека во Охрид има вкупно 1.076 дивоградби, од кои 409 се лоцирани во заштитен појас, односно на крајбрежјето на Охридското Езеро, во потегот на Националниот парк „Галичица” и во стариот дел на градот. Во рамки на оваа вкупна бројка, 82 предмети се однесуваат на урбана опрема, 16 се за времени објекти, 8 за плажи, 80 за куќи, апартмани и сместувачки капацитети, а останатите предмети се за помали интервенции и градежни зафати на објекти.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира