Новак Ѓоковиќ в недела ќе ја брани титулата на Вимблдон против еден од своите вечни ривали Роже Федерер.
Во полуфиналните мечеви, Ѓоковиќ за помалку од три часа го победи Шпанецот Роберто Баутиста Агут со 6:2, 4:6, 6:3, 6:2, додека Федерер беше подобар од третиот член на големата тројка, Рафаел Надал, со 7:6, 1:6, 6:3, 6:4.
На помалку од еден месец до својот 38. роденден, Федерер ќе го игра своето 12. финале на Вимблдон и ќе се бори за осмата титула, додека четирикратниот шампион Ѓоковиќ зад себе има пет финалиња. Тоа ќе биде нивниот 48. меѓусебен дуел, трет во финалето на Вимблдон и Ѓоковиќ досега има три победи повеќе.