ЃОКОВИЌ ПО ПЕТТИ ПАТ ГО ОСВОИ ВИМБЛДОН ВО ИСТОРИСКОТО ФИНАЛЕ СО ФЕДЕРЕР

    ЃОКОВИЌ ПО ПЕТТИ ПАТ ГО ОСВОИ ВИМБЛДОН ВО ИСТОРИСКОТО ФИНАЛЕ СО ФЕДЕРЕРЃоковиќ славеше по пет часа и 65 одиграни гемови (Фото: АП)

    Новак Ѓоковиќ ја одбрани титулата на Вимблдон, откако во уште едно незаборавно финале со Роже Федерер славеше со 7:6, 1:6, 7:6, 4:6, 13:12.

    Тоа е 16. гренд слем титула за српскиот тенисер, а петта на Вимблдон, од кои три освои во финален дуел со Федерер.

    Пет часа и 65 гемови се играа во финалето, при што Ѓоковиќ ги доби сите три тај-брејка, од кои оној во петтиот сет за првпат се играше според новите правила по 12:12 во гемови.

    „Ако ова не беше највозбудливото финале досега, тогаш секако спаѓа меѓу првите две-три. Играв против еден од најголемите играчи на сите времиња и, за жал, еден мораше да загуби, бидејќи и двајцата имавме шанси. Нереално ми е што успеав да се вратам откако Роже имаше две меч-топки. Роже е голема инспирација за играчите над 30 години, па така и за мене“, изјави Ѓоковиќ.

    Со победата во финалето, Федерер, кој за неполн месец ќе наполни 38 години, ќе станеше најстар освојувач на гренд слем турнир во историјата.

    „Ќе се обидам да го заборавам ова. Ова беше одличен и долг меч. Честитки за Новак, ова беше лудо“, кажа Федерер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира