ЈАНЕВА БАРАШЕ ДА ЗАПРАТ „ИМПЕРИЈА“ И „ПОШТЕНСКА БАНКА“ БЕЗ ЗАТВОРСКИ КАЗНИ, СО ВРАЌАЊЕ ПАРИ НА ДРЖАВАТА, ТВРДИ ОБВИНИТЕЛКАТА СТЕФАНОВА

    ЈАНЕВА БАРАШЕ ДА ЗАПРАТ „ИМПЕРИЈА“ И „ПОШТЕНСКА БАНКА“ БЕЗ ЗАТВОРСКИ КАЗНИ, СО ВРАЌАЊЕ ПАРИ НА ДРЖАВАТА, ТВРДИ ОБВИНИТЕЛКАТА СТЕФАНОВАЛиле Стефанова и обвинителот Бурим Рустеми ѝ укажале на Катица Јанева дека во крупни финансиски истраги, законот бара покрај конфискација на имот и враќање пари на државата за износите за кои е оштетена, законот вели и изрекување на затворски казни. - Лиле Стефанова; Катица Јанева (Фото: К. Попов)

    Обвинителката од Лиле Стефанова во изјава објавена на сајтот на Специјалното обвинителство тврди дека во април Јанева побарала запирање на истрагата за „Империја“ и за „Поштенска банка“ со предлог осомничените да и исплатат на државата износи за колку што е оштетена.

    „На 16 април 2019 година, во канцеларијата на Катица Јанева беше одржан состанок на кој таа изнесе одредени одлуки пред присутните обвинители, а кои се однесуваа на дејствија во предметите ‘Империја’ и ‘Поштенска банка’. Конкретно, ни беше наложено, најкасно до 06 мај 2019 година, до неа да доставиме писмени извештаи за штетата во двата предмета кои осомничените треба да ја платат на државата, по што предметите ‘да бидат тука затворени’ и осомничените ‘да не одат во затвор’“, вели Стефанова.

    Но, Стефанова и обвинителот Бурим Рустеми ѝ укажале на Јанева дека во овие крупни финансиски истраги, законот бара покрај конфискација на имот и враќање пари на државата за износите за кои е оштетена, законот вели и изрекување на затворски казни.

    „Со колегата Бурим Рустеми изготвивме писмени извештаи во кои покрај износите на штетата, ги наведовме и можните затворски казни согласно Кривичниот законик во случај на спогодување со јавниот обвинител. Дополнително, за предметот ‘Империја’ потенцирав дека е во многу рана фаза за евентуално спогодување и дека истрагата треба да продолжи во следниот период“, наведува обвинителката Лиле Стефанова.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира