15 СРЕДНИ ШКОЛИ ВО СКОПЈЕ ДОБИЈА ПАРКИНЗИ ЗА ВЕЛОСИПЕДИ ОД СТОПАНСКА БАНКА

    15 СРЕДНИ ШКОЛИ ВО СКОПЈЕ ДОБИЈА ПАРКИНЗИ ЗА ВЕЛОСИПЕДИ ОД СТОПАНСКА БАНКАОд „Стопанска банка“ се надеваат дека вело-паркинзите ќе бидат дополнителен поттик за учениците и за вработените да ги користат велосипедите како превозно средство. (Стопанска банка)

    Петнаесет средни училишта во Скопје добија паркинзи за велосипеди со донација од „Стопанска банка АД – Скопје“, соопшти банката. Проектот за опремување на средните училишта со паркинзи за велосипеди со поголем капацитет е продолжение на донациите кои Стопанска банка ги реализира во соработка со Град Скопје како резултат на организацијата на шестото издание на „Вози право, вози здраво“.

    Модерни вело-паркинзи наменети за учениците и за вработените добија средните училишта „Кочо Рацин“, „Браќа Миладиновци“, „Шаип Јусуф“, „Зеф Љуш Марку“, „Орце Николов“, „Боро Петрушевски“, „8-ми Септември“, „Владо Тасевски“, „Панче Арсовски“, „Раде Јовчевски – Корчагин“, “Здравко Цветковски”, „Марија Кири – Склодовска“, „Никола Карев“, „Васил Антевски – Дрен“ и „Арсени Јовков“.

    Од „Стопанска банка“ велат дека се надеваат дека вело-паркинзите ќе бидат дополнителен поттик за учениците и за вработените во училиштата да ги користат велосипедите не само како средство за спорт и рекреација, туку и како превозно средство, со што ќе стекнат здрави животни навики и ќе учествуваат во заштитата на животната средина.

    Покрај новопоставените паркинзи за средните училишта, „Стопанска банка“ досега ги изгради и опреми СТБ детскиот велодром во населбата Тафталиџе во Скопје, ТОПСИ вело-паркот во Градски парк, 100 паркинзи и 15 станици за поправка на велосипеди во Скопје и во неколку градови во земјата, со што вредноста на донациите надмина износ од 100.000 евра во форма на директна поддршка од Стопанска банка за заедницата.

    За оваа година од Банката најавуваат уште помасовна манифестација „Вози право, вози здраво“.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира