АКО ДЕНЕС НЕМА ПЛАТА, УТРЕ НЕМА ДА ИМА АВТОБУСИ ВО СКОПЈЕ, ВЕЛАТ ОД СИНДИКАТОТ НА ЈСП

    АКО ДЕНЕС НЕМА ПЛАТА, УТРЕ НЕМА ДА ИМА АВТОБУСИ ВО СКОПЈЕ, ВЕЛАТ ОД СИНДИКАТОТ НА ЈСПЛани во октомври главниот град за прв пат во историјата остана без јавен превоз откако шоферите излегоа на штрајк и престанаа да возат оти исто така не им беше исплатена плата.(Фото: К.Попов)

    Утре на скопските улици пак нема да има автобуси од јавниот превоз ако денес не им се подели плата на вработените. Како што велат од синдикатот на јавното претпријатие иако помина законскиот рок, тие уште немаат добиено плата за месец јули.

    Пред Град Скопје сме и чекаме средба со градоначалничката Данела Арсовска. Продолжува нередовната исплата на плати, а ние секојдневно си ги извршуваме работните задачи. Ако до крај на денот не ни биде исплатена плата, утре автобуси нема да има исто како лани во октомври“, вели Миќо Стојановски претседател на синдикатот на ЈСП при Сојузот на синдикати на Македонија.

    Ова е втор пат во мандатот на Арсовска вработените на ЈСП да штрајкуваат бидејќи претпријатието нема пари за плати. Лани во октомври главниот град за прв пат во историјата остана без јавен превоз откако шоферите излегоа на штрајк и престанаа да возат оти исто така не им беше исплатена плата.

    Во Скопје пола година немаше редовен јавен превоз и поради тоа што не возеа приватните превозни кои се скараа со Арсовска бидејќи и на нив не им исплаќаше пари.

    Градоначалничката Данела Арсовска дојде на функција со ветување за бесплатен превоз за сите граѓани и набавка на нови 250 еколошки автобуси.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира