„АЛКАЛОИД“ И ФОНДАЦИЈАТА „ТРАЈЧЕ МУКАЕТОВ“ ДОНИРАА 170.000 ЕВРА НА БОЛНИЦАТА ВО КАВАДАРЦИ

    „АЛКАЛОИД“ И ФОНДАЦИЈАТА „ТРАЈЧЕ МУКАЕТОВ“ ДОНИРАА 170.000 ЕВРА НА БОЛНИЦАТА ВО КАВАДАРЦИРеновираниот оддел за женски болести денеска беше пуштен во употреба од министерот Венко Филипче, генералниот директор на „Алкалоид“ Живко Мукаетов и директорот на болницата, д-р Диме Коцев (Фото: Алкалоид)

    „Алкалоид АД Скопје“ донираше 10.500.000 денари (170.000 евра) на Општа болница со проширена дејност во Кавадарци, комплетно опремувајќи го Интерниот оддел за женски болести.

    Просторот од над 350 квадратни метри, кој речиси три децении стоеше незавршен, денеска и официјално беше предаден во употреба од страна на министерот за здравство Венко Филипче, генералниот директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов и директорот на болницата, д-р Диме Коцев.

    Новото одделение се состои од дел за престој на пациентите, дел за интензивна нега и дел за медицински персонал, а целиот простор доби и нови инсталации и соодветна болничка опрема.

    Мукаетов кажа дека оваа донација е спроведена под закрила на фондацијата „Трајче Мукаетов“.

    „Иако денешниот повод за посета е пуштање во работа на само еден оддел од оваа болница, која претставува исклучителен пример за функционирање на јавното здравство, ние како компанија ќе ја продолжиме нашата поддршка тука во Кавадарци“, рече Мукаетов.

    Оваа болница опслужува близу 100.000 граѓани од Повардарскиот регион (Кавадарци, Неготино, Росоман и Демир Капија).

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира