АРСОВСКА ГИ КРИЕ ИМИЊАТА НА ДОБИТНИЦИТЕ НА ВКУПНО 220.000 ЕВРА ОД ПРОГРАМАТА ЗА КУЛТУРА НА ГРАД СКОПЈЕ

    АРСОВСКА ГИ КРИЕ ИМИЊАТА НА ДОБИТНИЦИТЕ НА ВКУПНО 220.000 ЕВРА ОД ПРОГРАМАТА ЗА КУЛТУРА НА ГРАД СКОПЈЕГрадоначалничката Данела Арсовска не кажува кој и за каков проект добил пари од предвидениот буџет од 220.000 евра. (Фото: СДК.МК)

    Град Скопје не ја објавува листата на поддржани проекти од областа на културата за 2022. Учесниците на конкурсот се известени за резултатите, но имињата кој добил буџетски пари и за каков проект не се објавуваат јавно. Досега, со години листата на поддржани проекти се објавуваше јавно на сајтот на Град Скопје, а информација со сите имиња се испраќаше и до медиумите.

    Годинава, освен што резултатите се донесени со доцнење од неколку месеци, тие се држат и во тајност.

    Како и постојано досега, од кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска не добивме одговор на нашето прашање зошто не се објавени резултатите од конкурсот и кога тоа ќе се стори, со оглед дека станува збор за буџетски пари. За овој повик во буџетот се предвидени 220.000 евра.

    Јавниот повик за поддршка на проекти од областа на културата беше објавен на 7 октомври лани и во огласот стоеше дека трае 30 календарски денови, односно до 5 ноември.

    „Резултатите од јавниот повик ќе бидат објавени на официјалниот веб портал на Град Скопје со решение за финансирање на програми и проекти од областа на културатаво интерес на Град Скопје за 2022“, стои во огласот објавен лани.

    Оттогаш се поминати 5 месеци, а градоначалничката Данела Арсовска уште не ги објавува имињата.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира