АРСОВСКА ГО РАЗРЕШИ ДИРЕКТОРОТ НА „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ ОТИ БРАТ МУ, КАКО ШТО ВЕЛИ МИЦКОСКИ, САКАЛ ДА ГО УБИЕ

    АРСОВСКА ГО РАЗРЕШИ ДИРЕКТОРОТ НА „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ ОТИ БРАТ МУ, КАКО ШТО ВЕЛИ МИЦКОСКИ, САКАЛ ДА ГО УБИЕАрсовска вели дека нејзиниот етички кодекс не дозволува Енуз да продолжи да раководи со претпријатието. (Фото: Град Скопје)

    Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска го разреши од функција директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Зуди Енуз, кој е од коалициониот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците. Разрешувањето доаѓа откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоси вечерва кажа дека вооружено лице сакало да го убие за време на протестот против францускиот предлог, а станува збор за Цуфи Кока, брат на директорот Енуз Кока .

    Во соопштението од кабинетот на градоначалничката Арсовска се вели дека Град Скопје како град на соживот и солидарност не смее да биде центар на насилство и пресметки со огнено оружје и креирање меѓуетнички тензии.

    „Политиката зема замав и во ниту еден случај не смее да влијае на професионалноста на водењето на институциите. И покрај одличното и професионално менаџирање со ‘Комунална Хигиена‘ од страна на Зуди Енуз, сепак мојот етички кодекс не дозволува тој да продолжи да раководи со претпријатието. Затоа истиот е разрешен од позицијата вршител на должност“, вели Арсовска.

    Братот на директорот Енуз, кој беше со пиштол во раката, е дел од групата која околу 20 часот кај плоштадот Скендербег ги нападна со камења, шишиња и други тврди предмети демонстрантите кои маршираа од Влада до МНР кон Собранието. Мицкоски и дел од сопартијцие од ВМРО-ДПМНЕ маршираше заедно со демонстрантите. Од МВР соопштија дека лицето вечерва е приведено во полициска станица.

    Тој кажа дека Кока бил главен за кампањата во Чаир на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска поддржана од ВМРО-ДПМНЕ

    Според објави на Фејсбук на Цуфи Кока, тој е активист на Алијанса за Албанците, коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ.

    Одговарајќи на новинарско прашање за политичката припадност на приведениот, Мицкоски на вечерашната прес-конференција рече дека не го интересира дали е член или не на Алијанса за Албанците и побара да не се политизира работата.

    „Да не ја политизираме работата. Да бидеме над политиката и да бидеме над оние политичари кои повикуваа на етнички тензии. Дали е член или не е, не ме интересира. Овој човек стори криминал, впери пиштол кон народ и треба да одговара“, рече Мицкоски.

    Пратеникот и портпарол на СДСМ Дарко Каевски на прес-конференција веднаш по онаа на Мицкоски кажа дека инцидентот кај плоштадот Скендербег е смислено крваво сценарио на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Алијанса за дестабилизација и инсценирање на меѓуетнички судир во земјава. Тој кажа дека Кока бил главен за кампањата во Чаир на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска поддржана од ВМРО-ДПМНЕ.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира