АРСОВСКА НА МУЦУНСКИ МУ ПИША КАЗНА ОД 88.000 ЕВРА ЗА ФРЛАЊЕ ЃУБРЕ, ТОЈ ВЕЛИ ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ЛАЖЕ И КРЕИРА КРИЗИ

    АРСОВСКА НА МУЦУНСКИ МУ ПИША КАЗНА ОД 88.000 ЕВРА ЗА ФРЛАЊЕ ЃУБРЕ, ТОЈ ВЕЛИ ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ЛАЖЕ И КРЕИРА КРИЗИКазната е пишана бидејќи Општина Аеродром преку компанијата „Пирамид билдинг” ангажирана на тендер, наместо на депонијата „Дрисла” ѓубрето го исфрлала на зелена површина кај ФФМ. (Фото: Фејсбук)

    Град Скопје изрече парична казна за Општина Аеродром и градоначалникот Тимчо Муцунски во висина од 88.000 евра за фрлање отпад на јавна површина. Како што соопштија денеска од кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска, казната е пишана бидејќи Општина Аеродром преку компанијата „Пирамид билдинг” ангажирана на тендер, наместо на депонијата „Дрисла” ѓубрето го исфрлала на зелена површина, во парк во близина на управната зграда на ФФМ, со што направиле нова дива депонија.

    Рокот за подмирување на казната е 8 дена од денот на изрекувањето, во спротивно истата присилно ќе се наплати. Дополнително, против сите прекршители ќе бидат поднесени и соодветни кривични пријави“, велат од Град Скопје.

    Од Општина Аеродром велат дека Арсовска не ги познава законите, има ниска политичка култура и монтира целосно неточна прекршочна санкција за Општина Аеродром.

    Наводите се целосна лага, смислена во центарот за креирање лажни вести и фејк кризи лоциран во бараките на Град Скопје. Потенцираме дека до овој момент до Општина Аеродром нема стигнато никаква документација поврзана со наводите наведени во соопштението до медиумите. По евентуалното добивањето на документацијата поврзана со санкцијата, фактот дека таа е целосно неточна ќе го докажеме во соодветна законска постапка пред надлежните институции. Воедно, не ја исклучуваме можност за поведување кривична постапка до инспекторите кои изрекле ваква незаконска санкција, како и до сите одговорни лица во градот Скопје, вклучувајќи ја градоначалничката Арсовска“, велат од Општина Аеродром.

    Од Општината велат дека Арсовска наместо да се занимава со наместени, паушални и конструирани постапки со кои дополнително си го намалува рејтингот приближен до нула, треба да се посвети на проектите кои ги ветуваше пред граѓаните, како гимназијата во Аеродром, мега паркот зад ФФМ, иновацискиот парк зад кулите на Џевахир и изградба на булеварот Васко Карангелески.

    Арсовска минатата недела му пиша казна од 88.000 евра и на градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски за истурање на ѓубрето од камионите за чистење пред „Дрисла“.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира