АВТОБУСИТЕ ПОЧНАА ДА ВОЗАТ, ГРАД СКОПЈЕ ПРЕНАМЕНИ 2 МИЛИОНА ЕВРА ОД БУЏЕТОТ ЗА ПЛАТИ НА ЈСП ЗА СЕПТЕМВРИ

    АВТОБУСИТЕ ПОЧНАА ДА ВОЗАТ, ГРАД СКОПЈЕ ПРЕНАМЕНИ 2 МИЛИОНА ЕВРА ОД БУЏЕТОТ ЗА ПЛАТИ НА ЈСП ЗА СЕПТЕМВРИСите градски советници едногласно ја прифатија одлуката за пренамена на парите. (Фото: К. Попов)

    Околу 2 милиона евра се пренаменети од други проекти од буџетот на Град Скопје за плати во ЈСП „Скопје“. На денешната втора вонредна седница на градскиот Совет се усвои одлуката да се пренаменат 133 милиони денари за да може да се префрли плата на вработените. По ова и ова, автобусите од јавниот превоз почнаа да возат низ градот откако утрово не излегоа од гаражите.

    Од ЈСП „Скопје“ потврдија дека автобусите попладнево повторно почнаа да сообраќаат на сите линии според возниот ред.

    Седницата, за разлика од вчера, помина без партиски препукувања меѓу градоначалничката и советниците. Сите едногласно ја прифатија одлуката за пренамена на парите.

    Градоначлничката Данела Арсовска од говорницата денеска не се караше со советниците, туку ги замоли сите заеднички да најдат начин како да се помогне претпријатието.

    „Ова е првпат во историјата на Македонија да се излезе на штрајк и да нема превоз за 5 дена доцнење на плата. Но, Градот до доцна работеше и најде начин да се обезбедат пари за овие луѓе кои работат секојдневно да добијат плата. ЈСП со децении е загубар и никој 30 години не ја смени оваа ситуација. Сите тие што се членови на управни одбори носат исто така одговорност за оваа ситуација. Сега ве замолувам сите да ја гласате оваа одлука и во иднина заеднички да работиме да се решат проблемите кои се влечат до години“, кажа Арсовска.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира