АВТОБУСОТ НА ЈСП ПОДАРЕН ВО РАДОВИШ СТАНА КОНТЕЈНЕР ЗА ОТПАД

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:47:"Радовиш,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    АВТОБУСОТ НА ЈСП ПОДАРЕН ВО РАДОВИШ СТАНА КОНТЕЈНЕР ЗА ОТПАД

    Автобусот што го доби Општина Радовиш пред 4 години од ЈСП Скопје како донација, се претвори во контејнер за отпад. Автобусот стои во кругот на комуналното претпријатие „Плачковица“, цел испокршен и полн со разновиден отпад. Радовишани велат дека донираниот автобус со години е нефункционален и стои на запуштена парцела веднаш под хотелот „Панорама“.

    Според информациите, ретко во која Општина донираните автобуси од ЈСП Скопје се функционални и речиси секаде стојат како спомен за старо железо. Општините, откако сфатиле дека се потребни многу средства за нивно одржување и поправки, решиле да не трошат пари и ги отстапиле на комуналните претпријатија.

    Пред четири години, над 30 локални самоупрви од внатрешноста на Македонија добија донација од стари автобуси од ЈСП Скопје, кога ова претпријатие се поднови со кинеските двокатни и украинските автобуси. Беа донирани околу 70-тина автобуси од стариот возен парк, за кои скопското јавно претпријатие тврдше дека се во возна состојба.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира