БИТАНГИ ОД СКОПЈЕ И ОХРИД ЈА ДРЖАТ ВО ЗАЛОЖНИШТВО СТРУГА, ВЕЛИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СЕЛА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Струга,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

БИТАНГИ ОД СКОПЈЕ И ОХРИД ЈА ДРЖАТ ВО ЗАЛОЖНИШТВО СТРУГА, ВЕЛИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СЕЛА

Градоначалникот на Струга Зијадин Села смета дека централната власт заедно со Охрид ги држат во заложништво Струга и стружани, оти прават политики против граѓаните, а не за граѓаните.

„Само битанги можат да направат тоа“, вели Села, кој е лидер на Партијата за реформа на ДПА, и додава: “Многу е јасно дека против Струга функционира еден механизам за да се спречи развојот. Тука трпат сите граѓани без разлика на идентитетот. Пример, и комарците ги делат по етничка линија, не дадоа пари за прскање против нив. Кога го слушаш Груевски од Радожда па до Охрид како ветува 20 инвестиции, а ниеден цент централната власт нема пуштено за Струга. Од друга страна, не барам, само нека нѐ остават за дa си работиме со нашиот буџет. За овие три години, од Струга се земени од 2.5 милиони евра од буџетот кој го реализираме ние како Општина. Затоа реков, не знам со каква храброст Груевски доаѓа  во Струга. И не знам кој е тој што ги гласа, а овие пари што се земени од Струга, се пари на граѓаните, од асфалтот што фали, од уредувањето на јавните простори, а тоа е и од национален интерес, бидејќи Струга е туристичко место. А овие пари се земаат за долг кој е земен за Охрид. Таму се сменети сите азбесни цевки. Охрид нема платено ниту еден денар,не им зема централната власт, сите пари што ги зема се од Струга. Кое е чувството кога ти земаат два милиони евра, а после ги слушаш  дека тие пари уште повеќе ги инвестираат во Охрид. Тоа е кражба“, смета Села.

За посетата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на Радожда, каде вети дека ќе се прави колекторски систем, Села вели дека тоа било комедија од Груевски.

„Ја слушнав неговата изјава, целата таа комедија во Струга. Немам што друго да кажам, туку дека лаже. Не знам дали знае Никола Груевски дека со ИПА фондовите беа предвидени 11 милиони евра за да се среди западниот колектор, каде спаѓа и Радожда. Мислам дека тоа е национален интерес, а не само локален. Бидејќи езерото е богатсво. Само политичари кои сакаат да манипулираат го преставуваат проектот како локален. После тие пари беа скратени. Владата треба да знае зошто тие пари беа скратени. Од 11 милиони, се сведе на 6-7 милиони, и со одлука на Влада и министерство за животна средина, беше тргнато градењето на колекторот во Радожда, односно на западниот колектор каде спаѓа и Радожда. И со тие пари сакаат да прават само реконструкција на пречистителната станица. Јас реагирав и реков не. Кога слушнав дека сакаат да ја реконструираат пречистителната станица, заклучив дека сакаат да направат злоупотреба на тие фондови. Тоа е дебела лага што го слушнавме и низа други лаги кои ги кажуваат кога идат на средби со граѓаните“, вели Села.

Тој има забелешки што за време на посетата на селото Лабуништа, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се фалеле дека ја прават спортската сала.

“Имам слушано една кампања, кога беа и ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во Лабуништа, кога се фалеа кој ја прави спортската сала. Мислам дека овие луѓе имаат психички проблеми, мислат дека тие лично ја прават. На крајот на краиштата, сите инвестиции било од централната или од локалната власт, а од централната веќе три и пол години не ги гледаме во Струга, се од парите на граѓаните, бидејќи тие плаќаат даноци. Овие сѐ што имаат направено овие години, го имаат направено со злоупотреба на  парите на граѓаните. Градат плоштади кои вредат пола милијарда евра, а од друга страна школите се без минимални услови за работење. Школите се без греење, без  нафта, ги имам покриено сите трошоци, а тоа не ми е законска должност,“ потенцира градоначалникот на Струга.

Симнете ја мобилната апликација

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира