БИТОЛА ЌЕ БАРА НОРВЕШКА ДА ПЛАТИ ЗА ДА СЕ ИСЧИСТАТ ФЕКАЛИИТЕ НА ПЕЛИСТЕР

    БИТОЛА ЌЕ БАРА НОРВЕШКА ДА ПЛАТИ ЗА ДА СЕ ИСЧИСТАТ ФЕКАЛИИТЕ НА ПЕЛИСТЕРОтпадните фекални води од објектите во националниот парк Пелистер ја загадуваат водата и животната средина оти за 12 години не се догради колекторискиот систем (Фото: СДК.МК)

    Хотелот „Молика“ и другите објекти во националниот парк Пелистер со отпадните фекални води се справуваат со септички јами, зашто во изминатите 12 години не се догради колекторскиот систем. Ова е горлив проблем кој предизвикува загадување на животната средина, планинските водотеци, а на одредени места и појава на непријатна миризба. Колекторскиот систем пред повеќе години почна да се гради од потегот на хотелот Молика па надолу низ планината, но поради недостиг на средатва изградбата запре.

    Од „ЕЛЕМ Турс“ под чија надлежност е и хотелот „Молика“ признаваат дека отпадните води им се горлив проблем. Директорт Никола Карoвски вели дека ќе се обидат да го решат проблемот со пари од Амбасадата на Норвешка. Во понеделник планираат да поднесат апликација за проект кој ќе предвидува доградба на колекторскиот систем и негово вадење надвор од границите на националниот парк.

    „Проблемот можеме да го решиме за  кратко време со грантови кои се предвидени од Амбасадата на Норвешка во Белград. За поврзување на фекалната канализација од хотелот ‘Молика’ и другите објекти стационирани во националниот парк и вадење надвор од националниот парк очекуваме грант од  150.000 евра. Годинава или за следната летна сезона планираме колекторот да биде надвор од границите на националниот парк Пелистер, некаде над селата. За понатаму немаме доволно средства за отпадните води од националниот парк да се поврзат за канализацијата на Битола“, рече Карoвски, кој додава дека сепак, ова е само апликација, и ќе треба да се почека одговор од амбасадата дали ќе бидат прифатени средствата.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира