ЧЕТИРИ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ МЕЃУ НОВИТЕ 13 ЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНАВИРУС ВО КУМАНОВО

    ЧЕТИРИ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ МЕЃУ НОВИТЕ 13 ЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНАВИРУС ВО КУМАНОВОВо Кумановската болница досега се заболени 22 здравствени работници, а 80 се во самоизолација. (Фото: СДК.МК)

    Четири медицински сестри од Општата болница Куманово, се меѓу 13 новозаболени од коронавирус во Куманово, потврдија од Центарот за јавно здравје Куманово.

    „Во изминатите 24 часа има 13 позитивни на коронавирус во Куманово. Во четири случаи се здравствени работници и тоа две медицински сестри од одделението за гинекологија и акушерство и две од инфективното одделение, изјави Ариф Љатифи директор на Центарот за јавно здравје Куманово.

    Во Кумановската болница досега се заболени 22 здравствени работници, а 80 се во самоизолација.

    С. НИКОЛИЌ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира