ЧЛЕНОВИ ОД ИСТО СЕМЕЈСТВО ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ ИСТОВРЕМЕНО ВО БИТОЛА, ТЕРМИНОТ ТРАЕ 8 ДЕНА И АВТОМАТСКИ СЕ БРИШЕ

    ЧЛЕНОВИ ОД ИСТО СЕМЕЈСТВО ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ ИСТОВРЕМЕНО ВО БИТОЛА, ТЕРМИНОТ ТРАЕ 8 ДЕНА И АВТОМАТСКИ СЕ БРИШЕИзминатата недела беа вакцинирани 3.885 лица од општините Битола, Прилеп, Демир Хисар, Крушево и Македонски Брод на пунктот во Битола. (Фото: СДК.МК)

    Воведени се олеснети околности за оние кои имаат закажани по два члена од исто семејство за да можат да се вакцинираат против ковид-19 во исто време, соопшти Весна Спиркоска, директорка на Здравствениот дом од Битола. Членовите од исто семејство ќе можат да ги примат вакцините на „Синофарм“ на вакциналниот пункт во Битола на подоцна закажаниот термин, за да не доаѓаат двапати.

    Исто така, редовно закажаните термини кои ќе бидат пропуштени, пријавените ќе може да го искористат во наредните осум дена, после што се бришат автоматски од системот и ќе мора повторно да аплицираат.

    Спиркоска изјави дека во изминатата недела беа вакцинирани 3.885 лица од општините Битола, Прилеп, Демир Хисар, Крушево и Македонски Брод на пунктот во Битола. Ако се додадат и тие 1.850 вакцинации со вакцината на „АстраЗенека“ и 600 вакцинирања со „Фајзер“, тогаш вкупната бројка е 6.285 имунизирани во Битола.

    Досега, од почетокот на работата на овој пункт добиени се две пратки вакцини, 5.100 дози на трети мај и 4.200 на осми мај.

    „Со тоа се потврдува веќе кажаното, вакцини има и ќе ги има и во иднина. Но, апелираме населението, граѓаните да аплицираат преку сајтот vakcinacija.mk и да ја очекуваат повратната порака со закажан термин каде основен параметар е старосната граница“, рече Спиркоска.

    До минатата недела се вакцинираа лица од 66 години па нагоре, а оваа седмица старосната граница ќе слегува подолу и масовноста на вакцинирање се очекува се` повеќе да се зголемува.

    Исто така, организирано е и теренско вакцинирање во Домовите за стари лица „Сју Рајдер“, хосписот „Сју Рајдер“ од Геронтолошкиот завод, а во наредниот период и Домот „Св. Спас“. За неподвижните лица ќе се организира теренска вакцинација по пријава од член на фамилијата, со претходно закажан термин и со медицинска документација.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира