ДЕЛОВИ ОД СКОПЈЕ И КУМАНОВО СИНОЌА ОСТАНАА БЕЗ СТРУЈА ОТИ ОД СИЛНИОТ ВЕТЕР СЕ СКИНАЛЕ КАБЛИ

    ДЕЛОВИ ОД СКОПЈЕ И КУМАНОВО СИНОЌА ОСТАНАА БЕЗ СТРУЈА ОТИ ОД СИЛНИОТ ВЕТЕР СЕ СКИНАЛЕ КАБЛИОд скршени дрвја и гранки дошло до кинење на каблите, а на некои места имало и паднати столбови, велат од ЕВН. (Фото: СДК.МК)

    Делови од Скопје и Куманово синоќа останаа без струја поради силниот ветер, при што од скршени дрвја и гранки се скинале каблите. Најмногу дефекти, како што велат од компанијата ЕВН, имало во северениот дел од Скопје.

    „Силниот ветер беше причина за прикин во снабдувањето со електрична енергија во делови на Скопје и Куманово. Имавме скинати проводници, а на некои места и паднати столбови. Екипите веднаш интервенираа и во најкраток рок беа санирани прекините на струја“, велат од ЕВН.

    Струја во скопски Карпош немаше и на 3 јануари поради дефект на мрежата на ЕВН. Дефектот се случи утрото во 8.30 часот по што без струја остана и болницата „8 Септември“. Операционите сали беа вклучени на генератори, но проблем имаше со функционирањето на „Мој термин“ бидејќи компјутерскиот систем на болницата не е приклучен на агрегат, па пациентите по три часа чекаа да бидат прегледани.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира