ДЕПОНИЈАТА ВО КИСЕЛА ВОДА УРЕДЕНА ВО ПАРК, НАЕСЕН ЌЕ СЕ НАСАДАТ 400 ДРВЈА

    ДЕПОНИЈАТА ВО КИСЕЛА ВОДА УРЕДЕНА ВО ПАРК, НАЕСЕН ЌЕ СЕ НАСАДАТ 400 ДРВЈАНа површината од 16.000 метри квадратни ќе се насадат над 150 листопадни и 240 зимзелени садници, како и околу 400 украсни грмушки. (Фото: Град Скопје)

    Просторот долж железничката пруга во населбата 11 Октомври во Кисела Вода, кој со години беше депонија со шут и отпад, стана парк. Град Скопје деновиве заврши со чистење, уредување и зазеленување на просторот.

    „На површина од 16.000 метри квадратни засадена е трева, а во есенската акција ќе се засадат дрвја. Предвидено е да се насадат над 150 листопадни и 240 зимзелени садници, како и околу 400 украсни грмушки“, велат од Град Скопје.

    Град Скопје минатиот месец заврши со уредување во парк на просторот под Железничката станица, кој исто така со години беше запуштен. Во моментов, се работи на изведба на третиот дел од Градскиот парк, на потегот од хотелот „Александар палас“ до Карпош 4.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари