ДВАЈЦА РАНЕТИ ВО ПУКАЊЕ ПРЕД УРГЕНТНИОТ ЦЕНТАР НА ТЕТОВСКАТА БОЛНИЦА

    ДВАЈЦА РАНЕТИ ВО ПУКАЊЕ ПРЕД УРГЕНТНИОТ ЦЕНТАР НА ТЕТОВСКАТА БОЛНИЦАЕден од ранетите беше префрлен на Хируршкото одделение во моментот додека на влезот беа новинарските екипи, а другиот е префрлен во Скопје. (Фото: СДК.МК)

    Две лица се ранети после тепачка и употреба на огнено оружје пред Ургентиот центар на Клиничката болница во Тетово вечерва околу 18.30 часот. Еден од ранетите беше префрлен на Хируршкото одделение во моментот додека на влезот беа новинарските екипи. Едниот од ранетите префрлен е во Скопје.

    Засега нема информаци зошто настанала тепачката, кои се учесниците и дали има други повредени.

    Од МВР сооштија дека „околу 18 часот и 5 минути во СВР Тетово пријавено е дека пред влезот на Ургентен центар во тетовската Клиничка болница било пукано во две лица од тетовското село Гајре, кои се здобиле со прострелни рани“.

    Служби на СВР Тетово и јавен обвинител се на лице место и се преземаат мерки за пронаоѓање на пет лица, кои се сомничат во врска со случајот, велат од МВР и додаваат дека на овој случај му претходела физичка пресметка помеѓу еден од ранетите и еден од осомничените за учество во пукањето.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира