ДВАЈЦА ВРАБОТЕНИ ВО КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА ВО ШТИП ПОЗИТИВНИ НА КОВИД-19

    ДВАЈЦА ВРАБОТЕНИ ВО КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА ВО ШТИП ПОЗИТИВНИ НА КОВИД-19Не е исклучена можноста пoвторно на Инфективното одделение во Штип да бидат ангажирани инфектолози од Струмица. (Фото: СДК.МК)

    Двајца медицински работници во Клиничката болница во Штип се позитивни на КОВИД-19, а шест вработени кои имале контакт со нив се во изолација. Директорот на болницата Ален Георгиев вели дека еден од заразените е од инфективното одделение, а вториот од одделот за физикална терапија.

    „Уште шест вработени од кои двајца доктори, три медицински сестри и еден лаборант поради контакт со позитивните се во самоизолација. Не е исклучена можноста пoвторно на Инфективното одделение во Штип да бидат ангажирани инфектолози од Струмица“, вели директорот Геориев.

    Денеска од Инфективното одделение во Штип поради сериозна клиничка слика пациент со коронавирус е пратен на клиниките во Скопје, а едно оздравено лице е пуштено на домашно лекување. Вкупно хоспитализирани се 24 пациенти, од кои четворица се на повремена кислородна подршка.

    Бројката на новодијагностицирани пациенти од тестирањето во Штип е намалена. Од 33 тестирани позитивни тестови има кај 25 пациенти, од кои петтмина се од Пробиштип.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира