ДВЕ ДЕЦА НА 13 И 14 ГОДИНИ ОСОМНИЧЕНИ ЗА УБИСТВО НА 67-ГОДИШНА СТРУМИЧАНКА

    ДВЕ ДЕЦА НА 13 И 14 ГОДИНИ ОСОМНИЧЕНИ ЗА УБИСТВО НА 67-ГОДИШНА СТРУМИЧАНКАТелото на жената беше пронајдено вчера попладне во нејзината куќа, откако соседите реагирале дека четири дена не излегувала од дома. (Фото: СДК.МК)

    Деца на возраст од 13 и 14 години се сомничат дека извршиле убиство врз 67-годишна струмичанка која живеела сама на улицата Балканска. Според полицијата, малолетниците ја убиле деновиве, а телото на жената беше пронајдено вчера попладне, откако соседите реагирале дека четири дена жената воопшто не излегувала од дома.

    „Ја немаше едно три-четири дена да излегува од дома, иако живееше во супстандардни услови. Пријавивме, оти таа знаеше често да биде надвор. Беше сомнително. Вчера попладне дојдоа и утврдија дека жената била убиена“, велат соседите од околните куќи.

    Од струмичката полиција велат дека безживотното тело на жената било пронајдено при претерес на куќата, по добиените сознанија дека во таму од малолетниците е направено разбојништво и силување.

    „По преземените мерки за расчистување на случајот извршена е обдукција по наредба на јавен обвинител, при што е утврдено дека смртта настанала по насилен пат поради задушување. Поради сомневање дека се извршители на кривично дело Убиство, во Гевгелија е лишено од слобода 13-годишно дете, а во Струмица 14-годишен малолетник“, велат од СВР Струмица.

    Од струмичкото Основно јавно обвинителство соопштија дека се работи на вештачење на прибраните докази по што ќе биде покренат соодветен обвинителен акт, а двете малолетни лица преку Центарот за социјални работи во Струмица се приведени за да не избегаат и повторат кривичните дела, а во нивните домови е направен претрес. Двете деца се познати на органите на прогонот како сторители на повеќе кривични дела.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира